речник контакт

Кој какво животно одгледува?

Истражување: свињи има најмногу во Србија, говеда и коњи во Словенија, живина во БиХ, во Македонија овци

Петар Печков

На просторот на поранешна СФРЈ сега има 2,6 милиони говеда, 5,5 милиони свињи, 4,4 милиони овци, 60 милиони живина, додека бројот на коњите и магарињата не се знае, вели економистот Мирослав Здравковиќ.

Свињи има најмногу во Србија, говеда и коњи во Словенија, живина во БиХ, овци во Македонија, а кози во Црна Гора, вели за Телеграф економистот Мирослав Здравковиќ, кој ги проучувал податоците за бројот на стоката во однос на бројот на жителите.

Здравковиќ на шега вели дека ако се уште има какви било  забуни колку точно на овие простори има луѓе, за стоката нема никакви тајни, точно е преброена, служи за својата цел и не се буни.

- На просторот на поранешна СФРЈ сега има 2,6 милиони говеда, 5,5 милиони свињи, 4,4 милиони овци, 60 милиони живина, само половина милион кози, додека точниот број на коњите и магарињата не се знае, вели економистот Мирослав Здравковиќ. Кога податоците за бројот на стоката ќе се стават во однос на бројот на жителите, се доаѓа до индикатор за интензитетот на сточарството.

 Свињи има најмногу во Србија 441 на 1.000 жители. Говеда 230 и коњи 11 се најбројни меѓу Словенците, овци има најмногу во Македонија 373 на 1.000 жители, живина во БиХ 6,680 на 1.000 жителите, а кози во Црна Гора 38. Хрватска нема ниту една стока во рекорден број - наведува Здравковиќ.

Кога податоците за бројот на стоката се стават во однос на површината на земјата, се доаѓа до податок за густина на населеноста.

 Србија е најгусто населена со свињи 40 по квадратен километар, Словенија со говеда 23 и коњи 1,1 на километар, Македонија има овци 30, а Босна и Херцеговина живина 365 по квадратен килметар - додава Здравковиќ.

За споредба, пред 30 години СФРЈ имала 5,5 милиони говеда, 8,4 милиони свињи, 7,4 милиони овци, половина милион коњи и 67,4 милиони живина.

Излегува дека, по луѓето најголеми жртви на транзицијата на овие простори биле коњите и говедата, а најдобро поминала живината - додава Здравковиќ.

Во Србија бројот на коњите за 30 години е намален 10 пати, во БиХ седум пати, во Црна Гора шест пати, додека во Словенија бројот на коњите се зголемил за една третина.

Во Србија е зголемен бројот на живината за четири отсто, па пилињата и луѓето што ги одгледуваат можат да се сметаат за единствени добитници од транзицијата во Србија, бидејќи бројот на овците е намален за 28 отсто, свињите за 37 отсто и говедата дури за 54 отсто.

Здравковиќ заклучува дека овие податоци се одраз на тажната транзициска статистика, кои ни укажуваат на животинските загуби, бидејќи кога страдаат луѓето, покрај нив страда и стоката.

текстот е преземен од   Телеграф - Белград

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »